(ВИДЕО) Кара Делевињ во новата кампања за “Puma” на Ријана

од desk2

Откако изјави дека се откажува од модната кариера за да се фокусира на актерството, Кара Делевињ е многу пребирлива кога станува збор за ретките модни проекти во кои што се појавува.1474385955-1474366504-caradelvingne-instagram

Меѓутоа, сигурно се согласила нејзината најнова кампања за “Puma” да ја направи без размислување, имајќи во предвид дека нејзината долгогодишна другарка Ријана е креативен директор на светски познатиот бренд уште од 2014-тата година.

Кара беше назначена за амбасадор на “Puma Women”(придружувајќи им се на Кајли Џенер и Рири), како новото заштитно лице на “Do You” кампањата, режирана од страна на Ријана.gallery-1474376035-16aw-cc-wmn-do-you-cara-180-269

Кампањата е инспирирана од еден цитат кој што Ријана еднаш го изјави: “Се предизвикувам себеси да ги направам работите да функционираат. Не ги правам нештата заради одговорност или контроверзија. Едноставно, си го живеам мојот живот.”

“Кампањата ‘Do you’ е за превземање на своја сопственост и пронаоѓање на моќ во таа сопственост- тоа е многу моќна изјава. Тоа се однесува на прифаќање на она што сте, без разлика на вашите маани. ‘Do you’ е за наоѓање на вашата вистина и придржување до истата.”- изјавува Кара.gallery-1474373983-16aw-cc-wmn-do-you-cara-180-125

Премиерата на новата пролетна колекција на Ријана за 2017-та, ќе се одржи на модната недела во Париз.rihanna-puma

“Ова е сон за мене, да бидам во можност да ја презентирам мојата втора колекција “Fenty Puma by Rihanna” во Париз. И пристапив на оваа сезона многу различно и почувствував дека темата и концептот најдобро одговараат за еден од моите омилени градови.” – изјави пејачката за претстојната модна ревија.

https://www.youtube.com/watch?v=srS0D3s1aAY

Слични содржини