Една од најжестоките дебати годинава на телевизија се случуваше вчера во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија, каде пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, не ги оставаше новинарите Катерина Блажевска и Горан Трпеноски да дојдат до збор, бранејќи го својот скандалозен и цензорски предлог закон за забрана на „бомбите“.timthumb

Сепак, на неколку наврати до збор дојдоа и новинарите, а Блажевска успеа да „украде“ 4 минути за да му одржи лекција на Џафери, по неколкуте реакции на новинарката Снежана Лупевска Созен која ја водеше емисијата.

Видеото почнува на 47-ма минута, во момент кога Лупевска се убедуваше со Џафери да и остави можност на Блажевска да го каже својот став.

– Мене ми е јасно се што се случува. Само сакам да кажам дека новинарите не можат да констатираат дека Н.Н. лице направило криминал, но можат да објават дека има индиции и должни се да го направат тоа. А тоа дека не смеат да објават дека постојат индиции за нешто и дека треба да одат директно во некоја институција, тоа можете предавање во Белорусија такво да држите, и таму ќе бидете дочекани во аплауз, и можеби ќе ве прогласат за почесен конзул – му рече Блажевска.

– Јас сакам да пишувам тема за верските и етички стереотипи во политичкиот говор, и јас морам да ги употребам како новинар таканарачените „бомби“ во кои лица од една, за лица од друга партија ги употребуваат термините „Индијаци“, „Шиптараана“… а едно лице, за кое СДСМ, тврди дека е вицепремиерот Муса Џафери, во еден разговор вели „јас сум покаур од Каурите“. Тие се интересни социјолошки појави кои чувстувам порив како новинар да ги истражам. Јас сметам дека во 21 век во Македонија било кое лице не може во политичкиот говор да ги нарекува луѓето „Индијаци“ и „Шиптараана“. Ако вие или вашата партија се согласила со тоа, јас можам да констатирам дека вие го поседувате „Стокхолмскиот синдром“, дека вие сте заљубени во оној што ви ја киднапирал позицијата што ви ја дале гласачите, и ни носите едно парче хартија, се претставувате како предлагач и ни кажувате дека оваа шашма може да помине – рече Блажевска.

Таа му најави дека утре ќе ги види новинарите на протест пред Собрание и дека овој, како што го нарече, глупав закон нема да помине.

На крајот на емисијата (01:13:46 на видеото) Блажевска му се обрати на Џафери со следната порака:

– Додека вие кажувате дека не го повлекувате законот стотици илјади рингтонови на мобилни телефони ѕвонат со еден глас „Ало, началниче“, и тоа нема да престане.

Слични содржини