(ВИДЕО) Казнуваат неправилно паркирани со нов уред 

од desk3

Американската компанија Ideas That Stick понуди многу оригинален метод за казнување на возачите кои паркираат каде нетреба и не брзаат да си го преместат автомобилот, соопшти “Калдата”. Обично, при неправилно паркирање автомобилите принудно се поместуваат со пајак или им се става канџа на едно од тркалата и на тој начин возилото не може да се движи. И во двата случаи се плаќа казна.

 

Ideas That Stick нуди наместо блокирање на тркалата да се блокираат шофершајбната на возилото. Новиот систем се нарекува Barnacle. Тоа е здрав пластичен панел со неособено сложена електроника, кој може да се свитка на две, а во двата краја се поставени моќни смукалки, преку кои се прицврстува на стаклото.

Слични содржини