(ВИДЕО) Ќе преговараат ли ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ: Беса – однапред договорено сценарио меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, со цел да се поттикне етнонационализмот

од Vladimir Zorba

Од БЕСА се сомневаат дека станува збор за однапред договорено сценарио меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ со единствена цел да не се формира политичка влада и да се поттикне етнонационализмот, информира Телма.
Станува збор за еден политички театар кој има за цел ВМРО ДПМНЕ да ги прикаже како заштитници на интересот на Македонците, додека ДУИ на Албанците, вели Орхан Муртезани од БЕСА, значи еден срамен театар кој има за цел создавање на лажни херои.
Меѓутоа ако сега сакаат да ги убедат граѓаните дека не попуштаат, тогаш треба да објаснат врз кои принципи владееја скоро 15 години? Дали бизнис интересите биле единствениот принцип за досегашното владеење? – прашува тој.

Последниот потег на ВМРО ДПМНЕ од Алијансата за Албаниците го толкуваат како многу несериозен во однос на заедничката платформа на албанските партии. Некои луѓе може и да разговараат, но ВМРО ДПМНЕ како што се однесува не може да формира влада вели Зулфи Адили од Алијанса за Албанците а ДУИ не може да оди под точките од платформата.

И Беса и Алијансата за Албанците имаат ист став во однос на потребата од нови избори.Такво нешто велат тие не е можном бидејќи актуелната влада не може да ги организира.За избори е потребен нов договор помеѓу четирите најголеми политички партии во земјата но тоа според Беса и Алијансата нема да ја реши кризата и нема да даде одговор на прашањата врзани за СЈО и законот за заштитените сведоци.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини