(ВИДЕО) Кекеновски: Дебаклот е на Никола Груевски, ќе собереме сила да го тргнеме од ВМРО-ДПМНЕ

од desk4

Подолго време апелирам до совесното членство на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата на чело со Груевски оди во една насока од која што нема враќање, што значи дека оди во една длабока провалија од која ќе требаат многу години за да ја вратиме партијата на вистински позиции и онака како што доликува на една современа демократска, конзервативна партија која што ја негува демо-христијанската идеологија, вели Јове Кекеновски, претседател на здружението ФРОДЕМ за а1он.

-Она што го направи партиското раководство јасно ги потврди сите мои констатации дека апсолутно не им била во интерес државата, а најмалку партијата која служела за лични и теснопартиски интереси, за полнење на сопствениот џеб и добивање статус во државата, вели Кекеновски.

Според него, Груевски одамна не ја ужива довербата на граѓаните на Република Македонија бидејќи се обидувал максимално да манипулира со еден дел од зависното членство и со дел од јавноста.

– Овој дебакл го доживеа Груевски. Не велам ВМРО-ДПМНЕ од причина што најголемиот виновник е тој и целокупното раководство кое послушно го поддржуваше цело време односно кои што секој на свој начин имаа интереси, вели Кекеновски.

Како што кажа претседалот на ФРОДЕМ, поразот на ДПМНЕ се должи на три факти. Она што Груевски немал јасна конзистентна стратегија и лутал од тема на тема се со цел да го подобри оној негативен имиџ кој што го покажал веднаш по парламентарните избори каде, како што кажа, сите му беа виновни, а само тој беше единствениот чист човек.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини