(ВИДЕО) КГБ ги создала Sex Pistols, Clash, Ramones, дури им напишала култни песни од панк културата

од Vladimir Zorba

Sex Pistols, Clash, Ramones и други култните панк групи се создадени од агентури на СССР, се истакнува во изјавата на поранешниот агент на КГБ Александар Волошин. Целта била да се создадат нихилистички расположенија и хаос меѓу младите на Запад.

Во интервјуто за Националната руска телевизија (НТВ), тој рече дека дека Унијата на советските социјалистички републики (СССР) стои зад создавањето на панк сцената во 70-тите години и ги финансираал големи групи оние што горе се наведени.

“Владата на СССР во тоа време троши стотици милиони рубљи за оваа тајна операција наменета да создаде апсолутен хаос и да ги сврти младите од Западот кон нихилистичките и антиамерикански идеологии”, објасни агентот.

Тој раскажа уште дека едни од најпопуларните песни на Sex Pistols дури се напишани од страна на тим психолози и дејци на воената пропаганда на Советскиот Сојуз. Пораките како “јас сум анархист”, “Бог ја спаси кралицатата од фашистичкиот режим” и “без иднина” имале за цел да протуркаат бран од цинизам, насочен кон кон власта, да поттикнуваат употребата на тешки дроги и да привлекуваат младите со револуционерни идеи.

“Нашата мисија беше да го користиме ставот на тинејџерите во наша полза и да ја претвориме западната генерација во декадентна култура која ќе организира востанија и да ги доведе западните демократии до апсолутен хаос”, призна со гордост Волошин.

Слични содржини