(ВИДЕО) Кирацовски во Неготино: Вашите дуќанчиња и мали фирми пак ќе работат

од Vladimir Zorba

timthumb (2)

Ќе заживеe Неготино повторно, тој момент се ближи. Оваа слика, на празен град, на болка на лицата по своите најблиски кои се иселени, на катанци на фирмите што ја гледаме, ќе ја ставиме во минатото. Охрабрен сум од вашата поддршка на промените што заедно ќе ги направиме, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Ви се обраќам вам, со затворените дуќанчиња и малите фирми од кои обезбедувавте егзистенција за вас и вашите семејства.

Пак ќе работат. Ќе ви помогнеме во тоа. Една од мерките е микро кредитна линија за поддршка на старт ап и микро компании до 10 вработени. Станува збор за кредити со минимална камата, од само 1 процент и рок на отплата до 5 години. Зборуваме за инвестиции со обрт на средства до 15.000 евра.

Посветени сме целосно на домашните микро, мали и средните претпријатија кои се сега тотално потценети и уништени поради политиките на лични интереси што ги води оваа власт. Ќе обезбедиме 20 до 50 милиони евра државна помош за домашните претпријатија. Со тоа ќе ги покренеме претпријатијата да почнат да работат и за нови вработувања.

Охрабруваме и мешовити инвестиции со заеми од 15.000 до 50.000 евра, со што ќе ја помогнеме работата на домашните претпријатија. Секој граѓанин на Македонија кој ќе отвори нов бизнис, а ќе привлече странски партнер што ќе вложи барем 30 проценти од вкупната инвестиција, ќе може да конкурира. Тоа се однесува и на оние кои ќе донесат познат бренд.

Ова се само дел од мерките во Програмата со коишто ќе ја стабилизираме економијата. Ќе имате силна причина својата иднина да ја планирате во својата родна земја и вие и вашите, нашите деца“, рече Кирацовски./а1он

Слични содржини