Одржување на избори во вакви услови, без прочистување на Избирачкиот список и реформи во медиумите, ќе имаме неправеден изборен резултат. Насер Селмани рече дека ниту една албанска партија не треба да учествува во претстојните избори, бидејќи како што вели тој, автоматски ќе ги легитимираат изборите.

Професорот Илбер Сеља рече дека албанските партии треба да дејствуваат само во интерес на албанската заедница.

Аналитичарот Насер Зибери, рече дека Македонија никогаш нема да има слободни избори ако не се почитуваат главните точки постигнати во Договорот од Пржино.

Рамадан Рамадани рече дека албанските политичари во Македонија продолжуваат да му бидат верни на Никола Груевски, кој, според него, ги поседува прислушуваните разговори и може да ги користи за уцена.

За актуелната политичка состојба во Македонија, аналитичарите истакнаа дека одговорност сносат и албанските партии. Насер Зибери рече дека овие партии се претворени во патерица на Никола Груевски.

извор: тв21

Слични содржини