По пропаднатата рудна преговори во Брисел синоќа, Европската комисија денеска уште еднаш ги повика лидерите да дојдат со конкретни предлози за излез од кризата.

Маја Коцијанчич, портпаролка на Јоханес Хан, одговарајќи на прашање за тоа на кого се однесува неговиот твит во кој вели дека „кај некои лидери има недостиг од одгооврност и од лидерство“, вели: „Има разни нивоа на одговорност кај лидерите кои учествуваа. Не сакам да покажувам со прст, но ви ја дадов генералната линија според која политичките лидери треба да преземат одговорност и да дадат конректни предлози“.

Европската комисија е подготвена да продолжи да го олеснува процесот, додава Коцијанчиќ.

Извор: МЕТА

Слични содржини