(ВИДЕО) КОД – Невин човек со украден идентитет заврши во затвор

од desk4

 Се крие голем организиран и криминален бизнис со земјиште во Сопиште.

Никогаш во животот на врата не му тропнала полиција, ниту пак некогаш добил судска покана. Злате Стојановски редовно ги плаќа сите сметки и нема никаков проблем со државата, ниту пак државата со него. Но, на 28 февруари животот му се претвора во кошмар.

Во КОД сторија за голготата на човекот кој невин, по грешка, одлежа десет дена во затворот во Шутка.

КОД открива дека личната карта му е фалсификувана, а зад тоа се крие голем организиран и криминален бизнис со земјиште во Сопиште.

извор: Телма

Слични содржини