ВИДЕО: Кој е новинарот кај кого е извршен претрес во врска со настаните од 27 април?

од Vladimir Zorba

МВР не објавува кај кој новинар е извршен претрес во неговиот дом во врска со настаните од 27 април кога беше направен насилен упад во Собрание и беа претепани повеќе пратеници од тогашната опозиција.

Но, според соопштението на МВР претресот кај новинарот се однесува на случајот со претепувањето на Зијадин Села, пишува порталот „Ако“.

Повеќе новинари кои беа сведоци на дел од неговото малтретирање, веќе во неколку наврати раскажаа што точно виделе.

На дел од новинарската заедница и беше невообичаено присуството на Александра Дуковска, поранешен новинар во неколку медиуми, која беше видена на една од најексплицитните видео снимки со фотоапарат во рацете. Таа беше во непосредна близина на осомничените за обид за убиство, татко и син, кои го влечеа Села низ ходниците, во бесознание и раскрварен:

Не е познато за кој медиум известувала Дуковска од случувањата во Собрание, но таа може да се види речиси на сите поважни настани во Скопје.

Во извештајот на МВР се вели дека се извршени разговори со повеќе лица новинари, а се однесуваат на дејствијата околу расветлувањето на кривично правниот настан “убиство“ (во обид) извршен над пратеникот З.С

По Наредба за претрес од Основен Суд Скопје I, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на едно лице (новинар), при што се пронајдени и одземени предмети (фотоапарат, камера, УСБ, преносен компјутер, мобилен телефон и ДВД) кои како важни предмети може да послужат во кривичната постапка. Истите по извршеното вештачење со Известување дополнително ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство Скопје-се вели во соопштението..

Меѓу другото, доставено е посебно известување во врска со поднесена кривична пријава против лицето А.К. за сторено кривично дело “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, при што по Наредба за претрес од Основен Суд Скопје I полициски службеници од Единицата за насилен криминал и ЕПОИ АЛФА, извршија претрес во домот и другите простории на пријавениот и пронајдени се предмети важни за кривичната постапка, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени и истите по извршеното вештачење со Известување дополнително ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство Скопје.

Фото: Новинарката Александра Дуковска свртена со грб

Слични содржини