(ВИДЕО) Ковачевски: РЕК Битола е во нова хаварија, увезената струја за 5 дена ни однесе 2 милиона евра!

од Vladimir Zorba

Прес конференција на Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО СДСМ – Битола

Ситуацијата со недостиг на струја за домакинствата е многу сериозна!

Според последните официјални информации, не само што не е направен еден од блоковите на РЕК Битола којшто не работи, туку има дополнителна хаварија. Пукнати се цевки.

Ова му се случува на комбинатот иако се дадени неколку стотици милиони евра пари на граѓаните за наводни поправки и ремонти.

Од РЕК Битола произведува речиси 80 проценти од струјата во Македонија. Поради неодговорните политики на досегашната власт којашто 10 години се занимава со криминални тендери, не работат други енергетски капацитети, како ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино…

Ете затоа граѓаните се во ризик, на минус 20, во време на големиот студ што ја зафати државава, да останат без струја!

Како што редовно соопштуваме, засега проблемот се решава со многу скап увоз на струја, што до вчера ги чинеше граѓаните на Македонија околу половина милион евра, само за два дена.

Еве нови официјални податоци.

Распишан е нов тендер за интервентен увоз на струја за денеска и утре.

Цената е плафонска, над 600 проценти повисока од одобрената од Регулаторната комисија за енергетика.

За вечер е набавена увозна струја по цена од неверојатни 220 евро по мегават час и тоа ќе ги чини граѓаните 155.000 евра.

Увезената струја за утре и задутре ќе ги чини граѓаните 1.286.000 евра!

За 5 дена, граѓаните на Македонија, поради несериозната власт којашто во студ ги остави без домашна струја ќе платат огромни речиси 2.000.000 евра! (1.905.666 евра).

На граѓаните на Република Македонија, итно им е потребна нова одговрна Влада.

Само тоа е решение за проблемите на граѓаните, вклучувајки го и овој проблем со струјата.

 

Слични содржини