Кризниот штаб за заштита и спасување денес повторно заседаваше по повод состојбата на терен во Куманово, при што беа донесени нови заклучоци, со оглед дека ситуацијата се нормализира-информира Кумановски муабети.

Како што извести Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово, од утре /среда/, започнува наставата во кумановските училишта, како и во градинките, откако е констатирано дека ситуацијата се нормализира.

Денес се донесени и заклучоци за отпочнување на проценка на штети во кумановските погодени улици во населба Тоде Мендол, како и помагање на 54 семејства кои побарале помош.

Извор и видео: Кумановски муабети

Слични содржини