Најавеното интервју на ТВ Сител со лидерот на СДСМ, Зоран Заев единствено се претвори во најдобар пример зошто мора да има регулација на медиумите пред да се одржат изборите. Лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да може да одговара како што налагаат новинарските правилата, беше соочен со обвинувања без да му се даде простор за одговор, со дофрлања од страна на водителот како “Дали сте со здрав памет“, “Лажеш како Турчин“, “Криминалец“.

Screenshot_34

Откако Заев во неколку наврати го опомена водителот дека се работи за телевизија со национална концесија и дека не му остава простор да одговори, возврати на ваквото однесување.

-Ало началниче, ќе ми оставиш ли простор да одговорам? Како не ви е срам да водите вакво интервју, може ли да одговорам на едно прашање? Самиот кажа дека водиш “куртон вести“.

Заев на Латас му кажа дека лаже и манипулира со изнесените бројки за финасиска состојба од 205 милиони евра кои со телопи ги прикажуваше неколку минути на телевизијата.

-Сето ова се манипулации и монтажи. Знаете ли колку се 205 милиони евра, знаете ли што зборувате, рече Заев и извади како што кажа имотен лист на Латас дека поседува имот на Кожуф вреден според него 4,5 милиони евра.

-Кога одите со вакви измонтирани цифри, од каде ви вам 454.000 метри квадратни имот на Кожуф, давате 7 милиони денари позамица, и сега е впишано 454.000 метри квадратни имот на Латас, ова е имотен лист каде што стои Драган Павловиќ Латас каде во извршна постапка барајќи ја позајмицата од 7 милиони денари му е впишан имот од 454.000 квадрати, тоа се 4,5 милиони евра, обвини Заев.

-Немам јас имот на Кожуф, ќе ве тужам, рече Латас. Сакате да се кладиме?

-Не ви се плашам бе Латас. Што има јас со тебе да се кладам? Вие Латас имате десет пати повеќе пари од мене. Моите пари се во анкетниот лист, јас одговарам за тоа. Четири пати ме проверува државата за сопственоста, колку поседувам.

-Главен уредник сте со национална концесија, оставете ми време да одговорам. Дали си верувате ова што си зборувате, ова не е точно и ова е лага, јас не сум дојден овде да водам дуел. Ало началниче да одговорам ако може, ова не е точно и се лаги, Зоран Заев има 120.000 евра имот, без имотот на родителите. Јас сум прв бизнисмен кој доаѓа на чело на партија.

Сите дојоа да ги проверат, антикорупциска, Управа за приоходи, се е чисто од почеток до крај. Десет години сум градоначалник, пред да станам градоначалник сме имале 620 вработени, тронка ако имал кривична одговорност Зоран Заев нема да бидел сега на слобода, рече Заев.

Лидерот на СДСМ кажа дека во СЈО предале 1 милион и 50.000 материјали и дека записник не правеле ниту во Јавното обвинителство кога му предавале материјалите на обвинителот Марко Зврлевски.

Слични содржини