Со вчерашната скандалозна одлука на Уставниот Суд, со кој се укинува Законот за помилување од 2009-та година, судот се стави во директна служба на осомничените високи функционери на ВМРО ДПМНЕ. Целта е повеќе од јасна – злосторничко здружување со цел останување на власт на една партија.

Експресната одлука, непозната во уставното право и функционирањето на уставниот суд е резултат на независната и професионална работа на Специјалното Јавно Обвинителство. Овие формални полуги на судскиот систем, а фактички извршители на злосторничкото здружување ја завршија својата работа. Следен на ред е формалниот претседател Ѓорѓи Иванов, чиј легитимитет е подеднакво спорен, како и оној на партиите на власт.

-Јаневиќ-Иванов-да-се-изјасни-дали-ке-аболицира-криминалци

 
Сега професорот на Правниот Факултет треба да одлучи: Дали ќе биде директниот и последен соучесник во рушењето на правниот и уставниот поредок на Македонија или ќе постапи по логиката на правото и правдата? ЛДП го повикува јавно да се изјасни дали е спремен да го искористи правото на аболиција и да ги помилува осомничените за најтешките форми на криминал? Дали е спремен дефинитивно да ја завземе својата улога на џелат на државата и нејзината иднина?

Тој би требало да биде свесен дека користи право добиено на скандалозен начин од окупиран суд, кој треба да го штити поредокот на државата. Со самото тоа, станува дел од злосторничкото здружение кое ќе ја сноси кривичната одговорност за рушењето на уставниот поредок. Доколку не се изјасни јавно за намерите, ќе побараме поведување на постапка за одземање на мандатот во Собранието на РМ или организирање на референдум повлекување на Иванов од функцијата претседател.

Во очекување на одговорот во следните денови, му порачуваме на Иванов дека одлуката е многу лесна: правда наместо криминал и зачувување на државата наместо нејзино целосно уништување. Но знаеме дека се’ е до капацитетот, кој досега претседателот покажа дека го нема.
Ова е последната шанса од која нема враќање назад. Сите до еден ќе одговараат за најголемото злосторство направено во поновата историја на Македонија, вклучително и Иванов, кој ќе го стави потписот за крајот на правдата и уставниот поредок, но и за сопствениот крај.
Интегрален текст

Слични содржини