(ВИДЕО) Лекарите: Околу 16.40 часот беше донесено лицето Дилавер Бојку – веќе беше во агонија односно тоа беше биолошка смрт

од Vladimir Zorba

Исказите на очевидците од минута во минута се менуваат, од вооружена престрелка поради бизнис, до  политички реваншизам  и крвна одмазда.

На плажата Аква Блу се уште врие од полиција која истражува кој  е човекот кој на сред бел ден во полн  ресторан го застрела  Дилавер Бојку Леку, информира ТВ24.

На местото на настанот тивко и мирно, уплашени минувачи и очевидци кои потресени зад камерите велат дека маскиран човек со моторцикл се симнал во ресторанот испукал неколку куршуми и заминал во непознат правец.

Во недостаток на информации од МВР, стружани различно го коментираат убиството. Оние кои ги сретнавме велат дека денешното убиство е поради крвна одмазда, но детали се плашеа да споделат. За мотивот само се шпекулира, полицијата се уште не дава конкретни информации. Во меѓувреме од струшката болница потврдуваат дека  Бојку бил застрелан  од неколку куршуми во пределот на главата,  а во медицинскиот центар бил донесен веќе починат.

„Околу 16:40 часот е донесено лицето  Дилавер Бојку, од приватни лица не беше донесен со брза помош, примен во хируршкото одделение – Струга. Видени се прострелни рани, кај него, на главата. Веќе беше во агонија односно биолошка смрт иако се обидувавме со анестезиологот, дадовме брза интервенција – интубација, меѓутоа не успеа да се врати во живот“, велат од струшката болница.

Дилавер Бојку од поодамна и е познат на јавноста. Неговото име се поврзува со криминал и проституција. За тоа лежеше и неколку години затвор. Пред 15 години Бојку го доби прекарот Балкански бос на проституцијата, по што следуваше и негово апсење, минимални пресуди, по што избега од Македонија. Следуваше екстрадиција од Црна Гора за на крај да се вклучи во легален бизнис со туризам и угостителство. Во Струга ги држи објектите Блу Скај и плажата Аква Блу каде денеска на свиреп начин беше лишен од живот.

Слични содржини