(ВИДЕО) Лидерот на БЕСА Билал Касами: Груевски нема легитимитет за премиер ниту за било каква функција

од Vladimir Zorba

 

Никола Груевски го нема легитимитетот не само за да биде премиер, туку за да има било која државна функција се додека не се расчисти неговиот случај пред Специјалното јавно обвинителство, вели во интервјуто  за А1он лидерот на БЕСА, Билал Касами.

Касами не сака да шпекулира во однос на тоа дали Ахмети може да формира Влада со Груевски.

„Но имајќи предвид дека ДУИ владееја 10 години заедно со ВМРО-ДПМНЕ големи се можностите тие пак да се обидат да состават Влада имајќи предвид исто така дека ги имаат и бројките и мислам дека нивното владеење и тоа што Македонија е во ваква ситуација е заеднички именител на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Иако ставија потпис на таа платформа, односно на декларацијата на политичките партии на Албанците во Македонија, сепак тие прва опција со која партија би направиле коалиција од македонскиот блок сепак ќе биде ВМРО-ДПМНЕ„.

Лидерот на Беса вели дека ако Ахмети не се држи до платформата и влезе во Влада,  тогаш партијата нема да поддржи никаква иницијатива, која би дошла од претседателот на ДУИ или некој друг, а која не се базира на тие барања кои се ставени во заедничката декларација. „Почетната изјава на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифатат двојазичност и продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство на некој начин ја исклучува поддршката на БЕСА на било каква Влада која ќе биде направена од партија која нема да поддржи решавање на прашањето за албанскиот јазик и СЈО„ вели Касами во интервјутоа за а1он.

Тој смета дека имајчќ предвид дека СЈО има покренато постапка против Груевски и основниот принцип на Движењето БЕСА дека луѓето кои се обвинети, односно оние за кои се покренати обвиненија од СЈО не треба да бидат во никаква комбинација за следната Влада.

Целото интервју можете да го прочитате тука

Слични содржини