Почетна / IN/OUT / (ВИДЕО) Луис Хамилтон со емотивно потсетување на Никол Шерцингер

(ВИДЕО) Луис Хамилтон со емотивно потсетување на Никол Шерцингер

Трикратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон помечтаел за старите времиња со својата поранешна девојка Никол Шерцингер. Хамилтон има издадено кратко клипче во Инстаграм, на кое гледа тажно во камерата, а одозгора е испишан текст: “Никол ми го пееше ова, толку убава песна. Убави времиња.” Видеото е тагнато и со профилот на Никол, па пејачката видела дека старото дечко мисли за неа.

Песната, која ја слуша пилотот од Формула 1 е “Stickwitu” на The Pussycat Dolls. Рефренот е недвосмислен: “Никој не може да ме сака подобро, јас си останувам со тебе засекогаш. Никој не може да ме натера да полетам повисоко, јас си останувам со тебе. Ти знаеш како да ме цениш, јас си останувам со тебе, драги. Никој не ме натерал да се чувствувам на овој начин, јас си останувам со тебе “.

Никол Шерцингер и Луис Хамилтон се разделија во 2015 година по 8-годишна врска. Во моментов таа излегува со најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров.