Мадона го одбележа со голема забава својот 58 роденден на егзотично патување во Куба.95ae773397e175530718946e612015a5

Пејачката замина со својата ќерка, Лурдес, и најблиските пријатели, за да го прослави својот јубилеј, како што само една ѕвезда на музиката може.

Најголематa забава се одржала во локален ресторан, а сите гости, вклучувајќи ја и Кралицата на попот, биле облечени целосно во бело.

Очигледно Мадона се забавувала исклучително многу, бидејќи фановите ја снимиле како танцува во ритамот на кубанска музика … на маса во ресторанот.

Заедно со традиционалните пијалоци, посетата во Хавана беше придружена од долги и долги прошетки.

По  некое време на престојот во Куба, пејачката била опкружена на повеќе наврати од фанови кои викале: “Те сакаме, Мадона! Куба те сака “.

Можете да видите слики од патувањето на Мадона во Куба во нашата галерија, а видео со пејачката, како танцуваа на маса, можете да видите тука.