(ВИДЕО) Мајли Сајрус со солзи кон Трамп: Однесувајте се со љубов кон луѓето!

од Vladimir Zorba

Мајли Сајрус објави обраќање до новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на страницата на Facebook.31d97c7db266535f986da637197fd9c9

Во него ѕвездата низ солзи го моли да се однесува со љубов кон луѓето.

Пејачката и актерка пред извесно време рече дека ако Трамп победи на изборите, ќе ги напушти САД. Првично таа ја даде својата поддршка за Берни Сандерс, а подоцна и за Хилари Клинтон.

Во видеото ѕвездата вели дека уште смета дека Клинтон треба да стане првата жена претседател на САД и дека токму таа е нејзината инспирација.

Мајли вели исто дека го прифаќа Трамп, колку и да е болно за неа, но со барање да се однесува кон луѓето со љубов, сочувство и почит. Тогаш и таа ќе го стори истото за него.

Слични содржини