fudbal

Македонските фудбалери до 21 година ја победи Украина со 2-0 во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.

Марјан Радески и Бесир Демири беа стрелци на головите во Киев на стадионот посветен на славниот тренер „Валери Лобановски“. Со големиот триумф, избраниците на Благоја Милевски се израмнија со Исланд и се само на два бода од лидерот Франција пред завршницата за циклусот квалификации за Евро 2017 во Полска.
Во 17-та минута Марјан Радески ја погоди мрежата по асистенција на Давид Бабунски, а до крајот од полувремето двапати се обиде фудбалерот на Црвена Звезда и еднаш Бобан Николов.

Во 56-та минута 2:0 за Македонија. Акцијата на Бабунски и Пивковски, на крај ја реализираше Бесир Демири и ја донесе Македонија до голема победа. Шанса за трет гол имаше Даниел Аврамовски во 63-та минута, но неговиот обид го одбрани украинскиот голман Пидкивка.

 

https://youtu.be/R4TA3vAj5eA

Слични содржини