(ВИДЕО) Машината Роналдо почна да крцка

од desk3

Ѕвездата на “Реал” Мадрид Кристијано Роналдо забележа уште рекорд во својата кариера – овој пат во негативна насока. Португалецот паднал во најдолгата гол суша, откако го облече дресот на “белите” во 2009 година

2111206776

31-годишниот напаѓач постигна само два гола во 6 одиграни натпревари од стартот на новата сезона. За споредба, во тоа време во 2014/15 година Роналдо веќе беше запишал на сметка цели 13 погодоци.

Во прилог на негативната серија, тој не се запиша во последните 4 средби на “лос меренгес” на “Сантијаго Бернабеу”. Исто така, тој успеал да заврши само 3 од 15-те дриблинзи во Ла Лига.
Европскиот шампион го пропушти почетокот на кампањата поради повреда која ја заработи во финалето против Франција во јули. Најголемиот конкурент Лионел Меси исто така беше надвор од игра во рамките на целиот месец, но успеа да се врати ударно на теренот и до сега има 7 погодоци во 7 шампионатни состаноци.

Очигледно и самиот Роналдо не е задоволен од настапот. За време на синоќешната победа над “Атлетик” Билбао со 2: 1 поранешниот ас на “Манчестер Јунајтед” беше исклучително нервозен и сакаше по секоја цена да постигне погодок на средбата.
На моменти неговите акции беа исклучително себични, а во еден од случаите Тони Крос јасно изрази незадоволство, откако не доби пас од напаѓачот, наоѓајќи се во чиста позиција за погодок.

Во шпанските медиуми се појавија и бројни шпекулации дека при победоносниот погодок на клубскиот колега Алваро Морати, Роналдо кренал рака за офсајд.

https://youtu.be/OQfj9HHtkTE

На мадриѓани им претстои гостување на “Леонеса” во натпревар од Купот на Кралот. Дуелот e во средата (26-ти октомври) од 21:00 часот.

Слични содржини