Под силно полициско обезбедување денеска почна судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба во мај минатата година.
При влезот во Врховниот суд каде што се одржува судењето, беше извршена темелна проверка на сите кои треба да присуствуваат на судењето.

Засилени безбедносни мерки беа преземени и околу судот и локалните сообраќајници, а за време на доведувањето на обвинетите местото го надлетуваа полициски хеликоптери.

На почетокот од судењето адвокатите на обвинетите побараа негово одложување за да се има време
СЈО Катица Јанева да го преземе случајот, а судот го одби. Образложението беше што СЈО не доставиле барање за преземање на овој случај.

-Дива-Населба
Понатаму адвокатите побараа и психијатриско вештачење за своите клиенти.И тука судот не им удоволи на барањето. Никој во затворот не се пожалил на здравствени проблеми
Во своето излагање Обвинителот посочи дека , во групата осомничени има високо образувани лица, со завршен Факултет за дипломатија и психологија. Еден од нив има завршено криминалистика и Воена академија, а друг информатика, а има и фризер и новинар.

Во однос на борбените активности есомничените функционирале во група составена од три нивоа- командна структура, логистиката и членовите кои учествувале во бербените активности.

Според обвинителството во првото и третото ниво се луѓе од Косово и кои живеат во Косово, а од второто ниво се од Македонија.

Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” од чл. 394-а и „тероризам” од чл. 394-б од Кривичниот законик.
Во декември минатата година сите 29 обвинети лица за тероризам пред Советот од судии од Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.
На 9 и на 10 мај минатата година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Слични содржини