(ВИДЕО) Меѓународната заедница -дипломарите очекуваат да биде продолжен мандат на СЈО

од Vladimir Zorba

sjotabla

Веднаш по изборите да биде продолжен мандатот на Специјалното јавно обвинителство за подигање обвиненија за случаите од прислушувањата, а Кривичниот суд може да отвори посебно оделение и да назначи судии за овие случаи. Ова го очекува меѓународната заедница од новоизбраната власт, информира Телма.

Но загрижени се што во предизборието Специјалното обвинителство се најде во центар на кампањата на партиите. Дипломатите оценуваат дека СЈО беше лошо третирано во Собранието, но уште поопасно и загрижувачки е што не се почитува судски налог во Управата за безбедност и контраразузнавање. Сметаат дека е подобро СЈО да биде помалку видливо во јавноста, но да ја интензивира работата затоа што од расчистување на прислушувањата зависи дали Македонија ќе излезе од политичката криза и тоа е во интерес на сите партии.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини