(ВИДЕО) Меѓународните експерти не пронашле руски снајперисти на Мајдан во Киев во Украина

од Vladimir Zorba

Ваши стрелале на ваши, изјавиле од истражувачката комисија.

1480183700-mak
Украинскиот правник и криминалист Ана Малјар во етерот на украинскиот телевизиски канал “Интер” изјави дека на Мајдан немало руски снајперисти, повикувајќи се на заклучок на меѓународните експерти, кои ја спровеле истрага по настаните во Киев, информира “Полит.Навигатор”.
“Тие поставија под сомнение присуството на странснци по кои следуваше ова злосторство. Соодветно, тие категорично ни изјавија дека во оваа истрага се е внатрешно од државата вашите стрелале на вашите, сами се поправете”, рече Малјар.

Дискусијата беше посветена на настаните од Мајдан и процесот во судот во Киев за случајот на поранешните вработени на “Беркут”. Правникот изрази незадоволство од активностите на полицијата, која не успеала да задржи 20 лица, кои не дозволиле вработени на “Беркут” да бидат ослободени од притвор и ја презакажаа седницата за 28 ноември.

Малјар истакна дека меѓународната комисија ги потврдила нејзините сомнежи во врска со тоа дека судот во Киев го одолговлекува случајот за Мајдан. Конкретно, според нејзините зборовинејзини, комисијата го има направено токму овој заклучок како резултат на истрагата.

Слични содржини