(ВИДЕО) Меркел била исвиркана на предизборен митинг

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар Ангела Меркел беше исвиркана за време на предизборен митинг од приврзаници на антиимигрантската партија Алтернатива за Германија, јави ДПА.

Група од околу 100 поддржувачи на антиимигрантската партија чие лого и транспаренти носеа лицата против Меркел, го прекинаа нејзиниот говор и со свирежи извикуваа: “Меркел треба да си оди”. Ова се случи во градот Гелнхаузен.

Таму Меркел говореше за бегалците, економијата, безбедноста и скандалот со дизел моторитео за нарушениот углед на германската автомобилска индустрија.

По повод скандирањата на поддржувачите на Алтернатива за Германија Меркел, рече дека демократијата им овозможува на луѓето да изразат несогласување, но додаде дека понекогаш не е лошо луѓето да слушаат што се зборува. Меркел рече дека Германија не може да си дозволи повторно година како 2015 година, кога стотици илјади мигранти влегоа на нејзина територија.

Таа повторно предизвика свирежи, но и аплауз кога им се заблагодари на волонтерите и професионалците, кои помогнаа за пречекот на 890 000-те мигранти и бегалци, кои пред две години дојдоа во Германија.

Меркел ја истакна важноста на ЕУ и рече дека Европа ги прави земјите посилни заедно отколку ако се сами. Меркел истакна и дека невработеноста во Германија се намалила за половина во текот на годините, во кои таа била на власт, а буџетот на земјата е избалансиран.

Слични содржини