ВИДЕО: Мијалков и Тачи не сакаа да коментираат за случајот „Титаник 2“

од desk2

Сашо Мијалков и Мендух Тачи се сретнаа во судница. Денеска започна судењето за случајот „Титаник 2“ за избрни нерегуларности. Се појавија сите обвинети. На обвинителна клупа седнаа и поранешните членови на Државната изборна комисија од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и Бедередин Ибраими од ДПА. Специјалното обвинителство до судот достави пречистен текст на обвинението откако Апелација одлучи за изброен криминал да не одговараат и пет судии од Управниот суд, пренесе Алсат-М.

Но, денешното судење се одложи за 10 мај за дотогаш обвинетите да се запознаат со обвинението. Мијалков и Тачи денеска не сакаа да зборуваат пред камерите.

„П:Како ќе го искоментирате судењето?

“Ви кажав, нема да коментирам има време“, oдговори Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Специјалното обвинителство, истрагата за изборни нерегуларности за можното нарачано гласање во ДИК во 2013 ја започна откако СДСМ објави прислушувани разговори помеѓу Мијалков и Тачи. Евентуално договараат Бедредин Ибраими да го поддржи ВМРО – ДПМНЕ за да се прегласува во Струмица.

СМ: Мендух…MТ:КажиСМ:Шо праиш? МТ: Еве тука седам со луѓе СМ:Имам една хитна ургенција за тебе. МТ: Да СМ: Може ли да гласате за нас сега за Струмица? Да не… МТ: У Комисија? СМ: Да у ДИК. МТ: Да може еве да се јавам одма СМ: Ама треба тоа сега одма да се почне сеа за 5 минути ние одложуваме малце… МТ:Одма одма…Одма, одма се јавувам за минута и ти кажувам.СМ: Ајде ајде. МТ: Сега Струмица ви е на ред, така? БИ: разговораме за тоа. МТ: Ќе гласаш за овие…да се поништат? БИ: …. за две минути… МТ: Да гласаш да се поништат бидејќи се договоривме за Чаир“, извадок од аудио “бомба”

Иако СЈО, се жалеше и Кривичен и Апелација одлучија дел од обвинението да не бидат петте судии од Управен суд. Предметот „Титаник“ е поделен на три обвиненија. Во петок на обвинителна клупа ќе седнат и функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури./Alsat M

Слични содржини