Државата Израел и нејзините највисоки функционери излегоа со кристално јасен став околу куртоазната средба со Заев. „Со Зоран Заев не е разговарано за какви било безбедносни или финансиски прашања“, појасни Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
“Ова го изјави вицепремиерто на Израел г. Шалом, наспроти изјавата на Заев кој што злоупотребувајќи ја оваа средба се обиде да ја излаже македонската јавност дека таму разговарал за безбедносни и финансиски прашања и дека има нови документи, сопред него, за некои афери или скандали. Со ова г. Заев потврдува дека направил две лаги. Еднаш ги излажал своите домаќини и го злоупотребил нивното гостопримство и второ со средбата се обиддел да ја излаже и македонската јавност за тоа дека тој е некој политичар од висок ранг и дека добил некои доверливи документи од финансиски или безбедносен карактер.

Но оваа лага кратко траеше се додека стигна официјалното соопштение од дежавата Израел. Ваквата реакција е очекувана бидејќи израелскиот вицепремиер Шалом е сериозен политичар, а македонскиот лидер на опозицијата г. Заев не е сериозен политичар. Израелскиот вицепремиер Шалом ја брани сопствената држава и нејзините интереси и ја штити од било какви скандали и афери. Македонскиот лидер на опозицијата Заев не ја брани сопствената држава и истата ја турка во уште поголеми афери и скандали овој пат од дипломатски размери.

Тоа што е за секаква осуда е фактот дека СДСМ молчи веќе трет ден за овој дипломатски гаф кој што се случи помеѓу Македонија и пријателски Израел. Трет ден нема никаква реакција, ниту официјален став во врска со официјалниот демант кој што стигна од државата Израел.

Тоа може да се сфати само како потврда за се она што беше официјално кажано од израелска страна, а кое што досега цела домашна и меѓународна јавност го толкуваат како еден преседан и голем дипломатски скандал.

СДСМ сепак на македонската јавност и должи одговор за овој дипломатски скандал.

Дали лидерот на СДСМ нема капацитет или не разбрал за што се говорело на средбата или свесно ја лажел и македонската јавност и ги злоупотребил гостопримството и средбите во Израел. Тоа треба да биде објаснето во најмала рака од г. Заев.

Ќе почекаме СДСМ да срочи одговори на овие значајни прашања, но ако за некој не бил јасно, за нас одамна е јасно дека г. Зоран Заев лагата ја употребува како свој метод во политичката игра и во односите со јавноста. Се додека неговата партијата не се произнесе за овој скандал, тој за нас ќе остане познат како Зоран Лагата Заев.

Зоран Л. Заев безочно излажа дека во Израел добил нови документи, докази и не знам што уште не? На неговите портали спонзорирани од СОРОС беше објавено дека откако Зоран Л. Заев ќе го „доставел тоа што ќе било потврдено од добиеното“ ќе се знае што добил и што е потврдено. Досега немаме ниту нешто доставено, ниту потврдено, ниту пак демантирано за она што беше соопштено од израелска страна. Тоа е начинот на работење на Зоран Л. Заев.

Ова е исклучително редок и веројатно единствен ваков случај во кој една држава сериозна како Израел е доведена во ситуација официјално да демантира гостин кој што имал куртуазна посета и средби со нивни високи државни преставници.

Го прашуваме лидерот на СДСМ каков човек треба да бидеш за да си дозволиш ваков дипломатски скандал, да зборуваш за содржината на разговорите со Министерот за Внатрешни работи на една пријателска земја, на една држава како Израел. Каков човек треба да бидеш и каков политичар за таа средба да ја злоупотребиш и да ја лажеш македонската јавност дека ти си некој важен фактор и си добил некој многу важни финансиски и безбедносни документи кои што впрочем не си ги добил.

Го прашуваме Зоран Л. Заев каков човек треба да бидеш за да ги надувуваш работите до толку, колку што мислиш дека ти треба, бесрамно да лажеш и да немаш доблест ниту да се извиниш за лагите, ако не до израелските домакини, барем до македонската јавност?

Зоран Л. Заев има потреба патолошки да лаже во политиката. Тоа го имаме забележано неколку пати. Сам си толкуваше , сам си измислуваше и сам фабрикуваше работи кои што се целосно спротивни од реалноста и спротивни на принципите на кои што тој ги потврдил или ги изнел некогаш како свои.

Ова говори едно. Зоран Л. Заев нема капацитет да биде ниту лидер на македонската опозиција, а камо ли нешто повеќе, но тоа е прашање кое што треба да го размислат во СДСМ.

Нашата порака до господинот Зоран Л. Заев е дека на лагата и’ се куси нозете. Демантот од Израел само го потврди тоа. Очекуваме господинот Зоран Л. Заев да се произнесе по овој демант и да каже дали ја злоупотребил средбата со господинот Шалом, министер за внатрешни работи на Израел, дали лажел дека има добиено важни финасиски и безбедносни документи и дали за тоа ја излажал македонската јавност?

Безобразното лажење и добивањето на ваков остар демант е преблем не само на господинот Зоран Л. Заев, туку и на кредибилитетот на Македонија во своите дипломатски односи со Израел. Лажењто на Зоран Л. Заев може да заврши со еден демант кога станува збор за македонско-израелските односи, а неговото лажење во политиката ќе заврши со уште еден голем демант на 24-ти април кога очекуваме ваквите политичари и партии кои што ги предводат, да доживеат тежок пораз на претсетојните избори.”

Слични содржини