Аналитичарот Суад Мисини од денеска почнува штрајк со глад барајќи итно решение на проблемот со мигрантите со кој се соочува Македонија. Ви го пренесуваме неговото соопштение:

Ве известувам дека од денес, 14 јуни, стапувам во штрајк со глад, протестирајќи против нехуманиот однос кон мигрантите кои транзитираат низ Македонија и катастрофалните услови на кои се изложени, како на отворено, така и во центарот во Гази Баба.

Во 14.00 пред Собранието на РМ, каде што ќе останам до крај, ќе ги соопштам барањата поради кои започна овој штрајк.strajk_misini[1]

БАРАМ ВЕДНАШ И БЕЗУСЛОВНО:

1) Законски измени кои ќе овозможат процедура која ќе гарантира безбедност и сигурност при престојот/транзитот на мигрантите во/низ РМ; слободно користење на сите достапни превозни сретства и професионален и хуман третман од страна на сите засегнати институции, како и непречена работа на сите здруженија и поединци кои сакаат да им помогнат на мигрантите на територијата на РМ.

2) Конкретни и јавно соопштени мерки и акционен план за заштита на безбедноста, физичкиот интегритет и сопственоста на мигрантите, што РМ преку Уставот ги гарантира на сите луѓе на нејзина територија, како и мерки за директно справување со сите оние инволвирани во криминални активности насочени против мигрантите.

3) Ургентно затворање на сите правни постапки во центарот Гази Баба и ослободување на мигрантите кои живеат во невозможни услови, како и затворање на истиот се’ додека не се овозможат хумани услови за престој во овој и други центри наменети за ова намена.

Р. Македонија, како членка на Советот за човекови права на ООН и особено како членка на Советот на Европа, има обврска да ги почитува националните и меѓнародните стандарди за човекови права и да овозможи нивна имплементација за сите луѓе на нејзина територија.

Штрајкот ќе трае се’ до исполнување на горенаведените услови.

Со почит,

Суад Мисини

Видеото погледнете го на Телма на следниот линк.

Слични содржини