(ВИДЕО) Мицкоски: Повисоките даноци значи дека граѓаните ќе ја плаќаат неспособноста на Владата, нов удар по џебот на граѓаните

од Vladimir Zorba

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Мерката за покачување на даноци која ја најавува министерот за финансии значи дека владата планира да удри по џебот на граѓаните. Повисоки даноци е цената која треба да ја платат граѓаните за неспособноста и неработата на владата.

Причините за ваквата одлука се едноставни, неспособната Влада на СДСМ и Заев не може да продуцираат вредност и економија која расте, веќе предупредив дека капиталните инвестиции се минимални и се движат само 4 отсто од планираното за првите два месеци, а економијата замира, со тоа се зголемува и дупката во буџетот.

Задолжувањата кои ги направија и со кои за само два ипол месеци го задолжија секое семејство за цели 1.200 евра, покачената акциза на нафта не се доволни и сега се удира по граѓаните.

Покачените даноци ќе бидат удар за оние кои ја носат економијата, наместо да се стимулира плаќањето на даноци ќе се стимулира црната економија, средната класа која треба да го плати цехот што владата не умее и не знае како во економијата.

Тоа ќе влијае демотивирачки за бизнисот, а е уште една причина многу луѓе да ја напуштат земјата. Оваа влада ветува општество за сите, но во реалноста го подвојува, ветуваа живот, носат сиромаштија.

ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на даноци. Граѓаните не смеат да бидат заложник и жртва на неспособната влада. Нејзина должност е да креира услови за раст и развој.

Владата треба да се откаже од оваа мерка која е за осиромашување на граѓаните. Тие заслужуваат подобро. Македонија заслужува подобро.

Слични содржини