(ВИДЕО) Над 240 се веќе жртвите на катастрофалниот земјотрес во Италија

од desk3

Жртвите на силниот земјотрес со интензитет од 6.2 во Италија, кој се случи во текот на ноќта на вторник спротивсреда, веќе се 247 лица, соопшти италијанската цивилна заштита, цитирана од светските агенции. Ранети се 400 лица.

190 лица загинале во областа Лацио, а 57 – во областа Марке.

zemj

 

Тоа го претвора земјотресот во едно од најсмртоносните во Италија за последните години.

Во меѓувреме секундарните потреси продолжуваат.

Нов земјотрес, овој пат со интензитет од 4,2, беше регистриран ноќеска во централна Италија, пренесе ТАСС, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Тоа се случило на длабочина од само 2 километри, со епицентар на 123 километри североисточно од престолнината Рим и на 55 километри северно од Аквила, кој настрада тешко при катастрофалниот земјотрес во 2009 година

zemj 2

Претходно во близина беше регистриран и земјотрес со интензитет од 4 степени. Тој се случил на длабочина од само 2 километри, со епицентар на 100 километри североисточно од престолнината Рим и на 30 километри северозападно од градот Аквила.

Земјотресот со интензитет од 6,2 собори згради и оштети патишта во група планински италијански општини на околу 140 километри источно од главниот град Рим. Тој беше доволно силен за да биде почувствуван во Болоња на север и Неапол на југ, два града на повеќе од 220 километри од епицентарот на земјотресот.

10-годишно девојче беше извадено живо по околу 17 часа под урнатините во Пескара . Многу други деца, сепак ја немале таа среќа. Во Акумоли четиричлено семејство, вклучувајќи и две момчиња – на 8 месеци и 9 години, биле закопани под урнатините на својата куќа.

Италијанскиот премиер Матео Ренци ќе ја собере Владата на седница, за да бидат преземени мерки за помош на погодените општини.

“Денес е ден за солзи, утре ќе можеме да зборуваме за опоравување”, рече Ренци синоќа, објавувајќи пред новинарите дека биле откриени 120 тела и 368 лица биле однесени во болница.

Основна причина за разрушителността на земјотресот е дека истиот се случил на мала длабочина, само 4 километри под земјината површина.

Лоцирана на две тектонски плочи, Италија е една од најпознатите сеизмичките зони во Европа. Во претходниот силен земјотрес во земјата што го погоди во 2009 година централниот град Аквила, загинаа над 300 луѓе.

Слични содржини