(ВИДЕО) Најлудите владетели: Приказни за голи танчери, халуцинации, параноја и друго

од Vladimir Zorba

Иако не е јасно дали владетелите од следнава листа страдале од вистински ментални болести, нивниот живот и управувањето кое е забележано во историјата, сите нив ги поврзува со лудилото.

Хенри VI (1421-1471 година)

Хенри VI станува крал уште од првите земни денови и ги поминува последните во тешка борба со ментално растројство. Тој не успева да се покаже како силен лидер. Првиот нервен слом го доживува во 1453 година, по што е неконтактибилен повеќе од една година. Откако се подобрува, во 1456 година неговата состојба повторно се влошува и тој паѓа во летаргија и чудна посветеност на религијата. Во 1461 година е сменет од власт и е испратен во егзил во Шкотска. Се вратил на тронот за кратко во 1470 година, но следната година е убиен.

Чжу Хоучжао (1491-1521 година)

Десеттиот кинески император од династијата Минг останува во историјата запаметен како по својата глупост, така и со својата жесокост. Тој поведува бројни непредвидливи воени кампањи во друштво на својот имагинарен двојник – генерал Зу Шо. Освен тоа сакалв да се прејадее со ориз што го сметал дека се подготвува со бисери.

Хуана Кастилска (1479-1555 година)

Малку кралски приказни се тажни какод онаа на “лудаа Хуана”, чии блиски ја држат заклучена во поголемиот дел од животот. На 16-години таа е мажена за Филип Убавиот. Кога смртта на мајка и ја претвора во следниот наследник на тронот, сопругот ја затвора, за да може тој да го преземе управувањето. По смртта на Филип во 1506 година Хуана поминува уште една деценија затоврена за време на регентството на татка си. Дури во 1516 година таа се качува на престолот заедно со неговиот син Карл, но тој исто така ја затвора и дури се обидува да ја одглуми нејзината смрт и за таа цел организира лажен погреб.

Џорџ III (1738-1820 година)

Опишан како “стар, луд, слеп, презрен, кралот кој умира” англискииот крал, првите знаци на лудило ги дава уште во 1765 година,. во 1810 година конечно е поразен. Џорџ навистина владее во една прилично напната историска реалност, но според историчарите лудилото кое се состоело од халуцинации, параноја, нервни хаварии и стомачен дискомфорт, била предизвикана од наследено заболување на црниот дроб – порфирија, но самото психичко растројство останува мистерија.

Лудвиг II (1845-1886 година)

Лудвиг II останува во историјата познат како чуден владетел кој има страст кон невообичаените замоци. Од мал се пренесува во светот на уметноста, музиката и фантазиите. На едвај 18-години ја презема власта на Баварија, и тој почнува да сам да живее во замокот и речиси не се појавува на јавни места.

Според луѓето кои сакале да го соборат од власт, тој наводно слушал повици од имагинарни луѓе, имал лоши манири, а други велат правело излети на полна месечина, со учество на голи танчери.

Повеќе видете во видеото:

Слични содржини