(ВИДЕО) Најмалку 12 ранети при напад врз полициско возило во Турција

од desk4

Најмалку 12 лица се повредени попладнево при бомбашки напад врз возило на турската полиција во градот Мерсин во јужниот дел на Турција.

Градоначалникот на Мерсин, Бурханетин Коџамаз изјави дека нападот се случил врз автобус на полицијата на една од главните улици во градот, во близина на седиштето на гувернерот на округот.

Според локалниот јавен обвинител Мустафа Ерџан, сите 12-мина ранети при нападот се полициски службеници.

Некои турски медиуми јавија дека бомбата била поставена во контејнер за смет и била активирана со далечински управувач во момент кога крај неа минувал полицискиот автобус.

Реонот е блокиран од полициски сили, а на местото на нападот пристигнале амбулантни и противпожарни возила

Слични содржини