(ВИДЕО) Најновиот руски дрон беше снимен со камера

од Vladimir Zorba

Вториот примерок на тешкото беспилотно летало “Атаир” беше забележано на аеродромот на Казанската авио фабрика.

Изданието “Бизнис Online” на YouTube објави видео со примерокот.

Тој беше претставен меѓу другите примероци на воздухопловна техника кога Казанскиот авиозавод беше посетен од секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев и овластениот претставник на претседателот во Приволжскиот федерален округ Михаил Бабич.

Тешкиот дрон може да лета и слетува во целосно автоматски режим, но во случај на потреба тој може да премине и во режим на рачно управување од земјата.

Слични содржини