Приврзаници на движењето ” Самопоределеување” и граѓани се судрија со полицијата откако  вечерва беше уапсен некогашниот претседател и пратеник Аљбин Курти. Тој беше уапсен вечерва пред Приштина. Курти мината недела фрли созавец во косовскиот Парламент за да ја прекине седницата на која требаше да се донесе Законот за спречување на конфликт на интереси на јавните функционери.

Демонстрантите претходно се собраа пред полициската станица каде беше притворен Курти, а подоцна тие се судрија со полицијата која ја обезбедуваше станицата.

„Самоопределување“ се огласи со соопштение, во кое наведува дека полицијата го запрела Курти заедно со уште еден пратеник, а со нив биле и двајца активисти на движењето кои се враќале од Скопје. Во соопштението пишува дека Курти е уапсен спротивно на законите и без никаков документ за апсење.

Претходно „Самоопределување“ ги повика своите активисти да се соберат кај полициската станица и да протестираат поради апсењето на бившиот лидер на движењето.

Слични содржини