(ВИДЕО) Неформална вечера на премерот Заев со првиот човек на НАТО, Столтенберг

од desk4

Веднаш по пристигнувањето во Македонија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна со премиерот Зоран Заев.

Според информации на Телевизија24, се работи за неформална вечера во еден од скопските ресторани.

Камерата на телевизијата го регистрираше конвојот од автомобили кој се упати кон ресторанот, чие име од безбедносни причини медиумот не го соопштува.

Во ресторанот прво пристигна домаќинот, а 20 тина минути подоцна дојде и гостинот, директно од скопскиот аеродром. Вечерата започна околу 19 часот.

Слични содржини