(ВИДЕО) Нема договор во ДУИ – роковите кратки, одлука тешка дури и за Ахмети

од Vladimir Zorba

Околу пет часа траеа средбите на првиот човек на ДУИ Али Ахмети со потпретседателите на неговата партија во Мала Речица и за сега се уште нема конечна одлука за коалицирање со цел формирање на нов владин состав, информира 24Вести.

„Се уште ги анализираме сите опции коишто се поставени на маса, сите аргументи за и против, знаеме за одлуката и важноста на оваа ситуација и таа е деликатна. Знаеме дека роковите се кратки, но конечна одлука немаме“ – изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Мандатот за фотмирање на нова влада е во рацете на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, кој има рок до недела да го обезбеди потребното мнозинство од 61 пратеник.

„Пред се ни е интересот на граѓаните и на државата. немавме ЦП, туку состанок на Ахмети со другите членовина кој се анализираше секој аргумент“ – вели Османи.

Неофицијално се дознава дека тројца потпретседатели на албанската партија се противат на можноста за коалицирање со ВМРО – ДПМНЕ.

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини