Денеска откриваме скандандалозни докази поврзани најдиректно со безбедноста на храната, односно здравјето на сите граѓани на Република Македонија.
Денеска, за жал ќе ви соопштиме дека минатата година цели пет месеци, од 2 мај до 17 септември 2015 година, Агенцијата за храна и ветеринарство немала сознанија за безбедноста на храната.


Агенцијата за Храна и Ветринарство спротивно на законот за безбедност на храната не ги спроведувала во целост: Програмата за мониторинг на безбедност на храната, Наредбата за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животните или од производите од животинско потекло како и Годишната наредбата за здравствена заштита на животните во 2015 год.

Причината поради која е направен овој скандалозен пропуст е немањето договор во овие пет месеци со Факултетот за Ветеринарна медицина, Институтиот за јавно здравје како и Државната фитосанитарна лабораторија.

Оваа се договорите на АХВ со овие три институции до 2 мај 2015 а оваа се договорите од 17 септември 2015 год. Прашуваме, дали во овие пет месеци АХВ ги спроведувала мониторинг програмите?

Од ова лабораториско известување за мониторинг на резидуи може да се види дека од страна на АХВ на 13. 5 2015 е доставено барање до Факултетот за Ветеринарна медицина Скопје, а резултатите се објавени на 26.11.2015
Да биде појасно за јавноста, за граѓаните да разберат на каква опасност сме биле изложени не спроведувајќи ги овие програми за мониторинг, тоа значи дека во овој период не се правеле микробиолошки испитувања , не се испитувало присуство на тешки метали и нитрати во одредени видови прехрамбени производи, остатоци од пестициди во храната, како и можно присуство на ГМО храна. Штетни материи и супстанци, чии последици по вашето здравје ќе ги осетите после неколку месеци или години од нивното конзумирање.

Во овој период АХВ нема сознанија ни за здравствената состојба на животните, бидејќи не се спроведувала во целост ни Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

Прашуваме дали можеби сме пиеле млеко од заразени животни, сме јаделе колбаси и месо со биорезидуи, домат со пестициди или спанаќ со тешки метали, а тоа никој не го знае, односно дали АХВ тоа го проверувала?
Прашуваме дали храната наменета за доенчиња и храна за специјални медицински цели, сладолед и слаткарски производи, биле сигурни?

Едноставно кажано АХВ немала сознанија за безбедноста на храната а со тоа директно придонела во загрозување на здравјето на граѓаните на Република Македонија.

Ова на своја кожа, најдиректно го доживеал сточар од Светиниколско.

Кај него во фармата се зема крв од кози и овци за испитување на бруцелоза на 12.5.2015, а известувањето од лабораториското тестирање е издадено на 29.9.2015. додека решението за прогласување на заразна болест бруцелоза од страна на инспекторот е на 5.10.2015 што значи дека дури тогаш сточарот дознава дека има болест во неговото стадо.

Во меѓувреме сточарот заедно со целото семејство и вработените консумирал од млекото а исто така и го ставил во промет. Сведочи дека тој и неговото семејство, меѓу кои и 5 годинишно внуче биле жив експеримент на пропустите на АХВ.

За овој скандал со кој Агенцијата за храна и ветеринарство го доведе здравјето на граѓаните во опасност, мора да следува одговорност. Прво за директорот на АХВ а потоа и за министерот Михаил Цветков кој согласно челн 25 од Законот за безбедност на храна е одговорен за спроведување на политиката во безбедност на храна и храна за животни и ветеринарното здравство.

Ние ќе ја продолжиме борбата против злоупотребите во инстуциите и криминалното, противзаконско работењ на штета на граѓаните.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Одговорност за вакви скандали мора да има.

Слични содржини