На граничниот премин Табановце на македонско – српската граница ноќеска  се наоѓаа околу 300 бегалци кои чекаат да ја поминат царинската контрола за да влезат во Србија. Тоа беше долга ноќ на граничниот премин од Македонија за Србија.

Capture45-770x470

Српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан кои имаат валидни патни исправи, за останатите спуштена е рампата и остануваат на граничната линија. Со оглед на изменетата состојба на границата дојдоа претставници на УНХЦР, кои потенцираа дека овие луѓе ќе мора да преноќат на сигурно и топло место.

За иста состојба во контакт со жителите на Табановце  се дознава дека полицијата наводно го подигнала степенот на безбедност, потенцирајќи дека на Табановце, српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан со видлива присутност на терен, посебно од српска страна.

 

 

Мерката е воведена откако Србија одлучи да го намали протокот на мигранти по нападите во Париз, по што Советот за безбедност на неодамна одржаната седница одлучи Армијата на Република Македонија и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки во случај на промена на ситуацијата на теренот, во смисла на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат.

Доколку состојбата со протокот на мигранти добие тренд на намалување во другите земји, Советот за безбедност заклучи АРМ и Управувачкиот комитет, како крајна мерка да може да преземат и поставување на барикада со жица на местата на кои ќе се оцени дека е потребно.

Советот за безбедност ја задолжи АРМ веднаш да ги започне сите подготовки и активности за расчистување и подготовка на теренот за евентуално и можно поставување ограда.

Слични содржини