(ВИДЕО) Нов земјотрес и 48 часа од катастрoфата: Нема надеж за живи во Италија

од desk3

Многу силен земјотрес со интензитет од 4,8 и со длабочина од 11 километри е почувствуван во централна Италија, каде во текот на ноќта на вторникот спроти среда земјотрес од 6,2 степени по Рихтер доведе до уништување и 252 жртви.

Новото земјотрес е регистриран околу 06:30 часот по локално време, има трунати згради. Засега не е јасно дали тоа доведе до нови жртви.

Во исто време повеќе од 48 часа по катастрофалниот земјотрес нема надеж за преживеани под урнатините. Околу 200 се луѓето кои се уште се исчезнати.

Досега италијанските власти објавија официјално за 252 жртви на земјотресот.

Има и добра вест – 215 се луѓето извадени под урнатините живи.

Најлош бил часот на потресот, кон 3.30 навечер , бидејќи сите луѓе биле во своите домовите или како туристи – во хотелите и домовите за сместување.

Длабочината на потресот беше од 4 км. Катастрофата удри во провинцијата Риети на 100 километри североисточно од престолнината Рим.

Владата гарантира дека ќе ги санира целосно штетите по потресот. Треба да помогне и на луѓето кои ги изгубија своите домови. Во моментов Владата и цивилната заштита обезбедиле шатори на луѓето кои останале без домови..
Италија воведе и вонредна состојба во повеќето настраданите од земјотресот области. За укажување на итна помош Владата одвои 50 милиони евра.

Над 5400 луѓе учествуваат во отстранувањето на последиците од катастрофата. Меѓу нив има над 1.000 полицајци, 1060 пожарникари, 400 војници и над 3.000 доброволци. Меѓу нив има и бегалци.

Слични содржини