Ги нарекуваат новите терористи волци самотници. Тие дејствуваат на начин непознат досега. Според специјалисти, Европа допрва треба да размисли за овој тип луѓе кои никогаш не станувале предмет на внимание од страна на властите.Мохамед Булел – на 31 години. Туниско потекло, татко на три деца. Станал познат како најкрвавиот убиец во Ница.

Додека во случајот “Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот во Франција, тогаш при пукањето во Минхен се покажа дека масовниот убиец дејствувал од сопствени побуди.

1469350640-18

 

Убиецот – на 18 години Али Давид Сонболи е од иранско потекло. Според властите во Минхен – со психички проблеми. Нема податоци да е поврзан директно со терористичка организација.

Го нарекуваат новото лице на теророт волк – самотници:

“Сонболи е еден човек, за кој нема никакви податоци дека се поврзал директно со” Исламска држава “. Се се случило за две недели. За овој период тој целосно се променил. Еден човек кој бил со проблематично однесување. Насилник спрема сопственото семејство. Проблематичен. Од друга страна пиел алкохол и посетувал психијатар. “, го дефинираат неговиот профил експерти.

Според нив, Европа допрва треба да размисли за овој тип луѓе кои никогаш не станувале предмет на внимание од страна на властите.

“Како можеш да се спасиш и заштитиш од таков човек кој сам одлучува да убие толку многу луѓе. Ако сметаш дека може да се заштитиш, значи мечтаење “, пак, е категорична жителка на Минхен.

Експертите дополнуваат:

“Има еден исклучителен момент во Франција. Не може секој еден човек кој има проблематична ситуација, некаков тип депресија, да биде на дофат на полицијата, ако до тој момент тој на никаков начин не покажувал идеи “.

Г-20 со алармантна прогноза за иднината поради изборот на Велика Британија да ја напушти ЕУ

Токму од таму доаѓа и стравот, категорични се аналитичарите. Како и предизвикот пред властите.

За Сонболи никој не беше слушнал.

Ликот стана познат дури по масовното убиство пред трговскиот центар во Минхен.

При претресот на неговиот дом не се откриени докази за поврзаност со “Исламска држава”.

Тој се играч во видео игри со пукање и имал проблеми во училиште.

Иако тој е роден во Иран, од полицијата сметаат дека неговите активности можат да се израз на десен екстремизам, инспириран од Норвежанецот Андерс Брејвик.

“Поаѓа од принципот дека во овој случај станува збор за класичен чин на луд човек, кој очигледно дејствувал без политички мотив”, рече портпаролот на баварското обвинителство.

Слични содржини