(Видео) Објавена снимка од слетување на авион на автопат во САД

од desk2

На видеосервисот YouTube објавена е снимка на која се гледа како мал авион слетува на автопат во САД.


Возачот и неговите сопатници во автомобил во движење го снимиле слетувањето на авионот на автопатот Sunrise на Лонг Ајланд во Њујорк. Тие биле потполно шокирани од глетката, но пилотот бил приморан да изврши принудно слетување, што одлично му пошло од рака.

Откако авионот слетал, запрел крај сообраќајницата и воопшто не попречил во одвивањето на сообраќајот.

Слични содржини