(ВИДЕО) Очекувања од посетата на еврокомесарот Јоханес Хан: СДСМ верува дека Груевски е во паника

од desk2

Еврокомесарот Хан и тројцата европратеници доаѓаат во уште еден обид за поттикнување разрешница на се покомплицираната политичка ситуација, информира Телма.

СДСМ очекува Брисел да ги осуди повиците на насилство што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер.

СДСМ предупредува дека Груевски е во паника и дека е подготвен да злоупотреби малолетници за политички цели, па во повеќе средни училишта веќе е издадена партиска наредба директорите да ја прекинат наставата и да ги пуштат децата на протести.

Синоќа во телевизиско интервју, Груевски го повика народот да не му дозволи на СДСМ да ја разнебити државата, на која и се заканува бинационалност, федерализација, а потоа и промена на името и на идентитетот. Под закана, тврди тој, е и ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство. Од Хан очекува да ја осуди платформата на Aлбанците и поддршка за принципот Влада да состават победниците кај Mакедоците и кај Aлбанците.

Професорот Љубомир Фрчкоски, кого Груевски го спомена како еден од оние кои манипулираат со народот во прилог на СДСМ, вели дека мала група очајници во врвот на ВМРО-ДПМНЕ става се на коцка само за да не одговара за направениот криминал.

Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини