(ВИДЕО) Одличен спектакл започнува во Сочи

од desk2

Вечерва во Сочи ќе се одржи церемонијата на отворање на III зимски Меѓународни воени игри-2017, соопшти РИА “Новости”. На отворањето ќе присуствува рускиот премиер Дмитриј Медведев. Во Сочи веќе пристигна олимпискиот факел.


Натпреварите во рамките на игрите ќе се одржат од 23 до 27 февруари. Иницијатор на воената олимпијада е министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Се очекува оваа година на игрите да земат учество околу илјада спортисти од 26 земји. Ќе бидат поделени 44 комплети медали во седум видови спорт: Биатлон, лизгалки, во високо качување, ски-планинарење, шортрек, планинарење и ски-насоки.

Русија го доби домаќинството за III-те зимски Меѓународни воени игри на 70-то Генерално собрание на Меѓународниот совет за воен спорт (CISM), што се одржа на 22 мај 2015 година во Кувајт.

CISM е основан на 18 февруари 1948 година во Ница од пет држави: Белгија, Данска, Франција, Луксембург и Холандија. Основната задача на советот е да одржува врски меѓу вооружените сили на различни земји во областа на спортот. До денес CISM обединува 135 земји.

Годишно советот одржува светски шампионати како во летните и така и во зимски спортови на различни континенти. Летните Меѓународни воени игри се одржуваат од 1995 година еднаш на четири години (по аналогија со Олимпијадата). Зимски воени игри досега се спроведени во 2010 и 2013 година

Слични содржини