(ВИДЕО) Осум лица загинаа, а 60 се повредени во невреме кое ја зафати Романија

од Vladimir Zorba

– Осум лица загинаа, а над 60 се повредени во бура, која вечерва го зафати западниот дел на Романија.

Жртви има во градовите Тимишоара, Бузиаш, Арад и Бистрица-Несевд. Повредените се хоспитализирани.

Поројниот дожд и ветровите со брзина од над 27 метри во секунда предизвикаа прекин на електричната енергија, блокираа патишта и корнеа дрвја.

Романскиот претседател Клаус Јоханис изрази сочувство до семејствата на жртвите и настраданите во невремето

 

Слични содржини