И денеска офарбано македонското Собрание. Демонстрантите запалија бакли и повторно со катапулт ја офарбаа собраниската зграда. Се пуштаа и “бомби” за изборни измами со Јанкулоска

Инаку , “Со оваа власт одиме во пропаст!!!” беше главниот слоган на денешниот протест на #Шарената Револуција. Демонстративно пред СЈО беа запалени фотографии од Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков и Жугиќ , а пред протестот , ги потурија куклите со кафе, за да “им тече од ногавици.

Откако се собраа се пред СЈО тие се упатија накај Владата.Откако стигнаа таму демонстрантите се исмејува на вчерашното интервјуто на Груевски и ја направија наводната обука која Груевски ја спомна во вчерашното интервју .

Веднаш потоа дел од демонстрантите испишаа мисла на Никола Младенов пред Владата.

.

Потоа дел од граѓаните почнаа да оставаат донации за Шарената револуција и се упатија накај Собранието ан РМ.

Слични содржини