(ВИДЕО) Павле Богоевски во „10 минути“: Се надевам дека луѓе од Шарената револуција ќе бидат на листите за пратеници

од Vladimir Zorba

sudenje

Се уште нема никаков договор јас да бидам на листата за пратеници на опозициската СДСМ, изјави Павле Богоевски, активист кој е еден од членовите на „Шарена револуција“ и активно учествуваше во протестите против владејачката партија, во интервју за „10 минути“ на ТВ21.

Според него, нема потреба од трета опција бидејќи во опозицијата се вклучени голем број на граѓански организации кои се против ВМРО-ДПМНЕ

Павле Богоевски, член на „Шарена Револуција“ изјави, „Јас најискрено се надевам дека некој од членовите не само на „Шарена револуција“ туку и на граѓанскиот сектор, ќе се најде на тие листи. Но, тоа не би биле листи на СДСМ, туку би биле листи на здружен фронт против режимот. Истото се однесува и на листите на оние политички субјекти кои ќе настапат независно од широкиот фронт кој го предводи СДСМ , се надевам дека ќе има луѓе кои протестираа по улиците а ќе бидат предложени од „Левица“ , се надевам дека на списокот ќе има луѓе предложени од десните партии.“

„Има ли договор вие да бидете на листата на СДСМ“?

„Нема, се уште нема никаков договор“

Инаку за утре е закажано судското рочиште во кое Богоевски е осомничен за учество во толпа што ќе изврши кривично дело за кое може да добие или парична казна или затворска казна од 3 години. Тој иако очекува да биде ослободен, сепак вели дека дури и ако биде обвинет на затворска казна, нема да бега од одговорност.

„Во најмала рака се надевам на фер и правична постапка пред независен суд, очекувам да не бидам прогласам за виновен. Да, бев дел од групата која обвинителството на Зврлевски ја нарекува толпа. Уште појасно и погласно ќе кажам дека не не` признавам вина за сторено кривично дело се додека истиот систем кој дозволува злосторничкото здружение на Никола Груевски со години да ја силува нашата држава одеднаш одлучува да спроведува правда против луѓето кои протестираат против тоа.“, изјави Павле Богоевски.

За утре и „Шарената револуција“ во знак на солидарност објави дека ќе одржи собир пред судот за поддршка на Павле Богоевски кој утре во 10.45 часот треба да се појави на судење во Основниот суд Скопје 1. Инаку, судски процес, за учество во топла, односно демолирање на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите на „Шарена револуција“ се води против Здравко Савески, Владимир Куновски и Мариглен Демири од Левица.

Слични содржини