Еве ги пчелите -роботи. Оние кои би требало да ја спасат Земјата, ако работите целосноотидат кон уништување и инсектите исчезнат. Од пред десетина години научниците од Харвард се обидуваат да создадат вештачка пчела која ќе ги опрашува растенијата. И пчелите- роботи веќе се речиси реалност. Миниатурният дрон е помал од монета и тежи околу 100 грама,а димензиите и тежината на роботите не се разликуваат особено од вистинските пчели. Крилјата на вештачките инсекти се потенки од човечко влакно, мавтајќи достигнуваат до 3 сантиметри и можат да замавнат по 120 пати во секунда. Откако научниците успеаја да направат вештачките инсекти да летаат, сега ги “научија” и да слетуваат за да се заштеди енергија.

Изгледа едноставно, како детска игра. Идејата за слетувањето е позајмено од балоните, кои успеваат да се закачат на одредена површина преку статички електрицитет. На овој принцип се приземјувањето и пчелите-дронови. Вештачките инсекти се опремени со електрода и пена која го “голта” ударот од слетувањето. Минијатурното тело е со тежина околу 14 милиграми, но благодарение на него вештачката пчела заштедува енергија. Засега пчелата-робот се управува далечински. Таа се уште нема и батерија а е поврзана со извор на енергија. Кога ќе се научи да лета сама, вештачкиот инсекти ќе може да се изврши и мисија – да ги опрашува растенијата.

1464605737-pchelite-roboti-koito-shte-spasqt-zemqta-video-378055

Дотогаш, сепак, научниците од Харвард имаат уште многу работа. Тие треба да изградат систем за навигација и препознавање. Се надеваат дека ќе успеат да создадат вештачка интелигенција не само за посебната пчела, но и за цела кошница, за да може пчелина колонија да постои како целина. Целта на пронаоѓачите е проектот да биде завршен во 2023-та. Не дека тогаш ќе исчезнат вистинските пчели. Но дотогаш треба да бидат создадена замена за да се вклучат и тие во опрашување на растенијата. Исчезнувањето на пчелите се случува премногу брзо. Идеалните замени едвај можат да се појават во вид на човечко суштество. Дури и да се претворат во совршени летала, тие никогаш нема да се “научат” да даваат мед.

Слични содржини