Пленумци  ги запоседнаа и техничките факултети и најавија дек нема да излегуваат од таму се додека не се исполнат нивните барања, пред се укинување на законот за високо образование. Тие посочија дека не окупираат, туку го бранат она што е нивно и заштитено со Уставот.
Пленумци и студенти ги запоседнаа и техничките факултети и најавија дек  нема да излегуваат од таму се додека не се исполнат нивните барања, пред се укинување на законот за високо образование. Тие посочија дека не окупираат, туку го бранат она што е нивно и заштитено со Уставот.

Претставници од пленумите на техничките факултети во својот говор потсетија колку премиерот Никола Груевски брзо ги менува ставовите, па така од реториката дека не знае зошто протестираат, дојде до тоа вчера пратениците да изгласаат одложување на примената на законот.

Пленумци потсетуваат дека на средбата со Груевски, барале одложување до 2018 година на измените со кои се претпоставува државен испит, со цел да се остави простор за изготвување на целосно нов закон, и се додека не се случи тоа тие нема да отстапат од своите барања.

Студентите од пленумот на Машински, вечерта ќе ја поминат на техничките факлутети, за што се обезбедни истите услови како и на Филолошки/Филозофски факултет.

 

Видео:A1on

Слични содржини