(ВИДЕО) Почна крајот на ИД: Руските бомбардери со ракети Х-101 гаѓаа командини позиции на ИД Ракка

од desk2

Уништен е команден пункт на еден од најголемите единици на “Исламска држава”.
Руските далечни бомбардери Ту-95МС нанесоа удар со ракети Х-101 врз објекти на исламистичката група “Исламска држава” во реонот на градот Ракка, кој се смета за главниот град на исламистите во Сирија. Ова го соопшти руското Министерство за одбрана.


Во текот на извршувањето на мисијата ракетоносците извршиле лет над територијата на Иран и Ирак. Ударот бил нанесен по базни логори и центри за подготовка на терористи, како и команден пункт на еден од најголемите единици на “Исламска држава”.

Од Министерството, прецизираа дека сите цели на уништени. Авионите Су-30см и Су-35С базирани во базата во Хмејмим се придружиле на мисијата на руските бомбардери во воздухот.

Ова е прв пат во кој Ту-95МС се активират за време на операцијата на Русија во Сирија, од ноември 2015 година.

Се забележува дека руските и американските воени стратези денес ги користеле каналите за врска за спречување на конфликтни ситуации во воздушниот простор на Сирија.

Експертите истакнуваат дека денешниот удар со пеколни ракети Х-101 може да навестува почетокот на финалниот напад на Ракка – сириската престолнина на исламистите.
Х-101 е најновата стратешка крилата ракета класа “воздух-земја” и користи технологија за намалување на радарски пресретнување.

Курдските сили “Сириски Демократски сили” планираат да го ослободар Ракка во најскоро време. Ова го соопшти деновиве агенција “Спутник„, повикувајќи се на шефот на сириската провинција Кобани, Анвар Муслим. “Спроведуваме успешно офанзива, се приближуваме кон Ракка, се поблиску сме до градот … Целосно ќе го ослободиме во најскоро време. Нашата цел не е само да ја ослободиме Ракка, а и целата територија контролирана од ИД”, рече тој.

 

Слични содржини